Обама: САД се подготвени да ја уништат „Исламска држава“

САД се подготвени да ја уништат секоја терористичка закана, вклучувајќи ја и “Исламска држава”, изјави американскиот претседател Барак Обама во обраќањето до нацијата.

big_thumb_9aa80ec4e473f395eea47565ef7191ec
„Заканата од тероризмот е реална, но ние ќе ја надминеме. Ние ќе ја уништиме “Исламска држава” или која и да е друга организација која се обидува да ни наштети. Има нешто што Конгресот на САД може да направи уште сега. Ако Конгресот, како мене смета дека ние учевствуваме во војната против тероризмот, тој треба да гласа за дозвола да се продолжат воените дејствија против овие терористи “, изјави Обама.

Истовремено американскиот претседател истакна дека САД не треба да се вовлекува во големата војна во Сирија и Ирак.

Прочитајте и:  Шикорски за ракетите со долг дострел против Русија: Тоа е јазик што Путин го разбира

“Тоа е она што го сака” Исламска држава “. Тоа би довело до пропаста на илјадници наши војници и уништување на нашите ресурси “, истакна Обама.

- Реклама -