Според нумерологијата броевите имаат големо влијание на нашиот живот, но во комбинација со точен датум, даваат уште поодредени насоки во животот.
Најпрво, одредете го вашиот личен број со помош на датумот од роденденот, а потоа пронајдете го значењето на броевите.
Вашиот личен број ќе го добиете со собирање на цифрите од датумот на вашиот последен роденден.
На пример, ако последен пат сте славеле роденден на 16.04.2014, кога ќе ги соберете сите цифри 1+6+4+2+0+1+4=18 и ги доведете до едноцифрен број 1+8 = 9, тогаш тоа е вашиот личен број.
На тој број треба да му го додадете датумот кој ве интересира, на пример 23.11 (2+3+1+1), па да ги соберете заедно 9+7=16 до едноцифрен број 1+6=7, што значи дека треба да го прочитате објаснувањето за бројот 7 и да дознаете што ве очекува овој 23-ти ноември.
Истото важи и доколку како резултат добиете некој од другите броеви.
Побарајте го вашиот среќен број на следната страна.