„Њујорк тајмс“: Израел побарал од САД 10 милијарди долари итна воена помош

Израел побара од САД 10 милијарди долари итна воена помош, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на тројца неименувани високи американски претставници.

Според весникот пакетот помош моментално го составува Конгресот во координација со Белата куќа, во кој ќе бидат вклучени и средства за Украина, Тајван и границата меѓу САД и Мексико.

Лидеррт на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер, за време на посетата на Тел Авив во неделата истакна дека американските пратеници разговарале за обезбедување муниција на Израел за ракетниот одбранбен систем Железна купола, прецизно наведувани бомби и друг вид муниција.

МИА

Прочитајте и:  Трамп повика на брз прекин на војната на Израел со Хамас
- Реклама -