Нудистички плажи – за или против?

Честопати се појавуваат листи на држави во кои што има најмногу нудисти, а никогаш ниту една Балканска земја не фигурира на овие списоци.

Тргнувајќи од Охрид, каде многу е тешко да се види и топлес, може да се заклучи дека Македонците не се љубители на нудизмот. Или пак  не се, ама само во Македонија?

Како и да е да ја погелднеме листата на земји со најмногу нудисти.

Happy-people-on-the-beach-obrazek_sredni_4016231

Во оваа категорија  Австријците и Германците го  делат првото место. По 28% од туристите од двете држви велат дека сакаат да се сончаат и капат сосема голи. Ова го покажува традиционалното годишно истражување на Expedia, наречено извештајот Flip Flop Report. Извештајот ги истражува преференциите на туристите на плажа.  Еве уште неколку заклучоци од истражувањето: Европејките сакаат топлес, а во топлес категоријата водат Австрките (49%), Шпанките  (42%) и Германките (39%).

Општо земено, мажите повеќе сакаат да се сончаат сосема голи  (18%), отколку жените (6%). Нудисти се во просек 12% од туристите  во една држава. Кај Австријците и Германците, како што рековме, процентот оди до 28%. Од другата страна се Јапонците (само 2%), Јужнокорејците и Тајланѓаните (3%).

Истражувањето влијае и на уште едно прашање – дали мажите сакаат да носат Спидо костими. Најголеми фанови на овие машки костими се Бразилците (95%) и Австријците (94%). На последно место тука се Норвежаните, каде само 40% сметаат дека овој костим е прифатлив.

Интересен факт е дека над 50% од луѓето (од сите земји) велат дека никогаш не би  пуштиле своја фотографија  во костим за капење во социјалните мрежи.

 

- Реклама -