На салонот во Женева се одржа светската премиера на новата супер спортска изведба на Ferrari. Автомобилот, кој се нарекува LaFerrari, ќе биде произведен во лимитирана серија од 499 единици.
LaFerrari е првиот автомобил на Ferrari, опремен со системот HY-KERS. Возилото е опремено со V12 мотор со работна зафатнина од 6.262 кубни сантиметри со моќност од 800 КЅ. Моторот со внатрешно согорување е комбиниран со електромотор од 120 kW или 163 коњски сили, кој придонесува за постигнување на максимален вртежeн момент од 900 Nm. LaFerrari e во можност да развие максимална брзина од над 350 km/h, а првите 100 од нив се постигнуваат за помалку од 3 секунди. Границата од 200 km/h паѓа за помалку од 7 секунди, а таа од 300 km/h за 15 секунди.
LaFerrari е со основни димензии: должина 4.702 mm, ширина 1.992 и висина 1.116 mm. Меѓуоскиното растојание на возилото, опремено со седумстепена роботизирана менувачка кутија, изнесува 2.650 mm. Тркалата напред се со големина од 19 инчи, а гумите – 265/30. Позади тркалата имаат големина 20 од инчи, а гумите 345/30. Системот за сопирање е карбон-керамички, разработен од Brembo.
LaFerrari ќе биде произведено во кратка серија од 499 примероци, а многу од нив веќе се резервирани. Се уште не се знае кога ќе почне испораката, но се очекува тоа да се случи пред крајот на годинава. Цената на моделот е 1.3 милиони евра.
Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус.