Новосоздадени екстремни спортови (видеа)

Екстремен спортПорано екстремните спортови беа едноставни – параглајдерство, качување по карпи, спуштање по стрмни падини со скии итн. Но, кога сево ова стана недоволно возбудливо за трагачите по адреналин, почнаа да создаваат нови, уште почудни екстремни спортови. Ова се неколку од новосоздадените спортови до кои е дојдено со комбинирање на некои претходни. Погледнете.

Порано екстремните спортови беа едноставни – параглајдерство, качување по карпи, спуштање по стрмни падини со скии итн. Но, кога сево ова стана недоволно возбудливо за трагачите по адреналин, почнаа да создаваат нови, уште почудни екстремни спортови. Ова се неколку од новосоздадените спортови до кои е дојдено со комбинирање на некои претходни. Погледнете.


Снежно параглајдерство
{youtube}RyaY4SJFwuc{/youtube}
Кога сноубординг и параглајдерство не ви се доволно возбудливи сами по себе, едноставно ги комбинирате и добивате снежно параглајдерство. Едноставно!

Психоблок

{youtube}Xcjh90omzeg{/youtube}
Ако качувањето по карпи без сигурносна опрема веќе не е доволно за да ви го крене адреналинот, ниту пак скокањето во вода од високи карпи, обидете се со психоблок – качување на карпи над вода. Можеби почесто ќе се отпуштате намерно за да паднете од голема височина во водата, но барем знаете дека нема да завршите како палачинка, како што би се случило доколку под вас има остри карпи.

Одење по лабаво јаже

{youtube}90xfWYnz9KM{/youtube}
Наместо да одите по екстремно затегнато јаже на огромни височини или пак да скокате на трамполина, врзувате лабаво јаже помеѓу две карпи и одите по него. Ако преживеете, ќе имате за што да раскажувате.

Човечки требуше

{youtube}67fFDiPRsrk{/youtube}
Сигурно имате чуено за испукување луѓе од топ? Но, која би била логиката ако се застане тука? Најдобро е таа практика да се комбинира со средновековната воена машинерија. И така доаѓаме до чудото наречено човечки требуше. Има ли нешто позабавно?
- Реклама -