Следниот месец Apple го започнува производство на два нови iPhone-а, објавија Bloomberg. Едниот од нив ќе има 4.7-инчен екран, а другиот 5.5-инчен.
Во моментов iPhone има 4-инчен екран, што е помалку од речиси сите досегашни модели со Android.
Samsung Galaxy S5, на пример, има 5.1-инчен екран. Моделот со 4.7-инчен екран ќе биде пуштен во продавниците во септември, а 5,5-инчниот ќе биде малку тежок за производство, но исто така би требало да се најде по продавниците во септември.
Новите телефони ќе бидат потенки и повеќе заоблени од претходните. Екранот ќе има свиткано стакло со силни сензори кои што ќе можат да почувствуваат различни нивоа на притисок. Се очекува следниот модел на брендот, кој што сите го нарекуваат iPhone 6 да биде хит во продажбата.