Новиот сингл на Мајкл Џексон плагијат? (видео)

Џексон“Hold My Hand” е првиот официјален сингл од новиот постхумен албум на Мајкл Џексон кој ќе се состои од, до сега необјавен материјал. Песната беше објавена веднаш откако Акон (кој пее во „дует“ со Џексон) ја завршил обработката. Но, оваа песна многу наликува на еден хит од 1994 година.

“Hold My Hand” е првиот официјален сингл од новиот постхумен албум на Мајкл Џексон кој ќе се состои од, до сега необјавен материјал. Песната беше објавена веднаш откако Акон (кој пее во „дует“ со Џексон) ја завршил обработката. Но, оваа песна многу наликува на еден хит од 1994 година.
{youtube}PIxEISCUN3k{/youtube}
Недоработената верзија од песната од Мајкл Џексон беше неовластено пуштена во јавност уште пред неговата смрт, во 2008 година. Тогаш, не постоеја индикации дека тој некогаш има намера да ја објави како завршен производ. Многу е веројатно оти тоа се должи на фактот што истата страшно потсетува на песната со идентичен наслов, хитот од 1994 година испеан од Hootie And The Blowfish. Покрај насловот, песните делат и некои мелодиски линии, а се чини дека рефрените се испеани речиси идентично, вклучувајќи го тука и текстот. Дали се работи за плагијат или пак само за инспирација, проценете сами.

- Реклама -