Новиот директор на ЦЈЗ за порастот на заразени: Паметните учат од туѓите грешки, ние учиме од нашите

Најголем проблем за Центарот за јавно здравје Скопје во моментов се епидемиолошките анкети, вели новиот директор – епидемиологот Александар Стојанов кој дојде на местото на Арбен Зибери, за „А1он“.

Како што открива Стојанов, на ден се прават над стотина анкети, а вработените кои работат на нив остануваат и до доцна навечер. Ангажирани се и одделите за микробиологија, хигиена и епидемиологија.

Позитивната страна, вели, е што за разлика од почетокот, луѓето веќе не ги кријат контактите и почнуваат полека да сфаќаат (дека вирус има и дека ситуацијата многу брзо знае да прејде во сериозна).

„Паметен човек побрзо ќе сфати од туѓа грешка, но ние сфаќаме од нашите грешки“, вели Стојанов, додавајќи дека е запрепастен од непочитувањата на мерките. За очекувањата од претстојниот период и наесен, прочитајте ТУКА.

- Реклама -