Е-цигарите се често потенцирани како побезбедната варијанта на обичниот тутун, но најновата студија вели поинаку.
Имено, пареата од електронските цигари може да содржи 10 пати повеќе предизвикувачи на рак, отколку обичниот тутун. Научниците од Националниот институт за јавно здравје на Јапонија најдоа високо ниво на опасни карциногени, како што се формалдехидот и ацетилдехидот, во течноста на неколку брендови на е-цигари. Најдените количини се многу повисоки отколку кај тутунот.
Тутунот исто така содржи огромна количина на токсини, па како што истакнува д-р. Наоки Кунугита, истражувањето не докажува дека обичните цигари се побезбедни, туку дека е-цигарите се поризични отколку што се мислеше.
Истражувачите сметаат дека карциногените се ослободуваат кога елементот што ја претвара течноста во е-цигарата во пареа е прегреан. За разлика од нормалните цигари, е-цигарите го горат сувиот тутун со помош на батерија која го загрева никотинскиот раствор познат како е-liquid. Ова продуцира аеросоли кои можат да бидат вдишени.
Едно претходно истражување на Росвел Парк институтот за канцер во Њујорк, покажа дека начинот на кој честиците се иситнуваат во е-цигарите може да го иритира белодробното ткиво и да предизвика болести.
Честиците во обичните цигари имаат средна големина од 0.3 до 0.5 микрони, но во е-цигарите тие се многу помали – од 0.18 до 0.27 микрони. Тоа значи дека честиците можат да стигнат длабоко до белите дробови и да се вгнездат во алвеолите (малите воздушни меурчиња во кои се одвива размената на кислород и јаглероден диоксид) и да предизвикаат штета.