Конечно унифицирана боја за сите таксисти: Бројот на такси-превозниците во градот ќе биде ограничен на максимални 3.000, а сите возила ќе мора да бидат бојосани во жолто. Но, покрај бојата ќе се униформира и уште нешто: Скопските таксисти нема да смеат да возат со влечки, ќе мора да бидат искапени и уредно облечени и ќе им биде забрането пушење во возилото. [Предлог-одлука за такси превоз]