Новите пејсмејкери ќе се напојуваат од срцето

Научниците од  Американскиот Универзитет Мичиген, изјавија дека направиле нова револуција во пејс-мејкерите. Велат дека новите пејс-мејкери ќе се напојуваат од срцевата акција, односно од вибрациите на срцевата работа, а не од батерии.

Се вели и дека овој пејс-мејкер има двапати поголема моќност од стандардните и е двапати помал, а за секој случај ќе содржи и надворешно напојување. Нормално, срцевите пејс-мејкери се заменуваат на секои седум години, поради тоа што батериите се трошат.

Д-р Амин Карами вели дека доколку се започне со имплементација на новата генерација на пејс-мејкери, тоа ќе биде добро и за болниците и за пациентите.

„Замислете само колку помалку хируршки зафати се тоа, поради немање потреба за менување на батериите?“ вели доктор Карами.

Секоја година повеќе од 700.000 луѓе се подложени на вградување на пејс-мејкери. Д-р Карами се надева дека со новата генерација пејс-мејкери навистина ќе им се олесни животот на овие луѓе.

- Реклама -