Најмладиот член на кралкото семејство е принцезата Шарлот. Таа има само 6 месеци. Гордите родители, војводата и војвотката од Кембриџ покажаа две нови фотографии од нивната ќерка.
Фотографиите ги направила нејзината мајка Кејт во домот на кралското семејство и се објавени во знак на благодарност на британските медиуми кои им дозволуваат на децата на војводата и војвотката од Кембриџ да растат далеку од очите на јавноста.
Малата Шарлот личи и на двајцата родители, но велат дека најмногу потсетува на кралицата Елизабета кога таа била бебе.