Американскиот долар е една од најпрепознатливите валути во светот. За некои луѓе, доларот не е само обична валута, туку и симбол на слобода, просперитет и богатство. Но, на други пак не им се допаѓа застарениот изглед на доларот, па затоа започнале иницијатива за промена на дизајнот.
Американскиот долар е една од најпрепознатливите валути во светот. За некои луѓе, доларот не е само обична валута, туку и симбол на слобода, просперитет и богатство. Но, на други пак не им се допаѓа застарениот изглед на доларот, па затоа започнале иницијатива за промена на дизајнот.
Ричард Смит е човекот кој стои зад проектот “Dollar ReDe$ign”, негова цел е модернизирање на доларот. На официјалниот сајт на проектот пишува „Спореден со доларот, нашиот голем ривал’, Еврото изгледа поубаво, единствениот јасен начин за излегување од глобалната рецесија е ребрендирање и редизајн“.
На неодамна одржаното натпреварување, најпопуларен дизајн е оној предложен од двајца британци, Доулинг и Данкан, кој е впечатлив по тоа што има уникатен вертикален дизајн. Причината за овој дизајн според авторите е бидејќи секогаш кога вадиме пари од паричник, истите ги држиме вертикално, сите машини примаат пари вертикално, што значи дека вертикалниот дизајн е пологичен.
Друг предложен дизајн е оној на Марк Гартланд, наречен „Америка денес“. На банкнотата од 50 долари што тој ја дизајнирал се наоѓа Сакаџавеја, домородната Американка која ги водела истражувачите Луис и Кларк на нивниот пат од Мисисипи до Пацификот. Гартланд избрал повеќе историски личности од Америка за неговите дизајни, како Бенџамин Френклин, Абрахам Линколн, па дури и актуелниот претседател, сакајќи да го прикаже диверзитетот на САД.
Третиот дизајн е оној на Шон Фланаген, самоук веб дизајнер кој својата креација ја нарекол „Одејќи напред, сеќавајќи се на минатото“ која ги задржува бојата и големината на сегашниот долар, но е поукрасена. Фланаген користел само фонтови дизајнирани во Америка, и вели дека за неговиот дизајн ќе бидат потребни три посебни слоеви мастило, со што би се намалил и ризикот од фалсификување.
Авторите на овој проект имаат започнато и петиција, со која бараат од владата на САД да го прифати нивниот предлог и да изврши редизајн. [15 Amazing New Designs For The Dollar Bill]