Угледниот бизнис магазин Bloomberg пренесува дека смартфонот HTC One mini сигурно ќе се појави на пазарот ова лето, а најверојатно ќе се најде во продавниците во август.
HTC One miniќе има 4.3 инчен екран со пониска резолуција од неговиот постар и поголем брат, а од останатите карактеристики најмногу се очекува во делот на камерата. Во овој дел ќе биде применета UltraPixel технологијата, заедно со предни стерео микрофони и звучници.
Како што може да се очекува за miniверзиите на најсилните смартфони на пазарот овој уред ќе има за нијанса послаб хардвер, а како можни компоненти се споменува процесор Snapdragon 400. Затоа пак, се очекуваат сите софтверски новитети кај HTC One да дојдат и кај mini верзијата.
Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk