Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-19, информира Министерството за здравство.
Новозаразените се од:
• Скопје – 9
• Кичево – 5
• Куманово и Тетово – по 4
• Прилеп и Охрид – по 2
• Штип и Струмица – по 1.
Нема починати лица.
Регистрирани се 34 оздравени пациенти од:
• Скопје – 18
• Прилеп – 4
• Куманово и Тетово – по 3
• Битола – 2
• Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.
Според Министерството за здравство, вакцинацијата продолжува да се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Досега вкупно се аплицирани 452.424 дози вакцини, а ревакцинирани се 193.029 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 4.840 граѓани, од кои прва доза примиле 3.222 граѓани.
Со последните бројки, 48% од населението над 70 години, односно 42% од населението над 65 години, односно 36% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
На vakcinacija.mk досега се пријавиле 450.634 граѓани.