Нови 12 случаи на коронавирус во Македонија, вкупниот број се искачува на 148, најмногу од Скопје

Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата, информираат од Министерството за здравство.

Од нив 7 се од Скопје, а 5 од Куманово. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје (88)
– Дебар (40)
– Куманово (8)
– Штип (7)
– Кавадарци (2)
– Охрид (2)
– Гостивар (1)

Поради собирање на податоците до 12:00 часот, соопштението со детален извештај ќе биде испорачано секој ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот, информираат од министерството.

- Реклама -