Роже Федерер, најинтелигентниот и најдобриот тенисер на сите времиња, постојано ја менува својата стратегија. Тенисерите од типот на Федерер, Ѓоковиќ, Мареј мораат постојано да менуваат нешто во нивната игра бидејќи поминуваат двојно повеќе време на терените од нивните „просечни“ колеги. Сметајте на фактот дека овие тенисери влегуваат во 90% од завршниците на секој турнир. Човекот кој се издвојува од топ тенисерите, е Федерер. Роже покажува најрадикални варијации во неговата игра, во зависност од подлогата на која игра, и противникот. Знаеме дека тој го менува ритамот на играта кога сака и како сака, а тоа го прави на најелегантниот начин.
Во последно време остануваме занемени кога го гледаме како ја практикува најновата стратегија.
На вториот сервис на противникот, Роже влегува толку многу во теренот, дури до самата сервис линија, при што одигрува „ждроб удар“ кој за противниците не е толку тежок за враќање, колку што делува збунувачки.
Еве кратка компилација од овие удари. Забележете со каква елеганција и леснотија, тоа го прави Федерер, но забележете ја и реакцијата на противниците.