Азедин Унахи е еден од играчите кои блескаа на Светското првенство и со фантастичните игри во средниот ред на Мароко, го привлече вниманието на многу клубови.
Се говореше дека Лестер е подготвен да плати дури 45 милиони евра, но последните информации велат дека Мароканецот има други планови и преферира трансфер во Серија А.
Интер е еден од клубовите кои застанаа во редот, но Наполи се посочува како прв фаворит за неговиот потпис, „наполитанците“ во Азедин Унахи гледаат замена за Диего Деме.