„По долги и заморни преговори, се роди Галактичката федерација Preiakka. Шесте големи галактички нации се обединија под единствена идеја – да донесат мир во галаксијата, после години и години на непријателство и агресија.
И цело тоа време, галаксијата просперираше во мир. Трговијата и културната размена цветаа, луѓето патуваа и ги истражуваа чудата што галаксијата на Преја имаше да ги понуди. Федерацијата колонизираше небројни светови, и срдечно ги прифаќаше другите како рамноправни членови.
Но пред 78 години, на сé тоа му дојде крајот…“
(продолжува во видеото)
Да, овој проклето добар трејлер е вовед во втората игра на board game студиото што ја направи првата македонска борд гејм – Archona Games. Од сé што видовме, оваа ќе биде уште подобра.
Се вика Galactic Warlords: Battle for Dominion, и е создадена во соработка со Бабис Џијаниос. Аплаузите за фантастичниот арт одат за нашиот добро познат Тхе Мичо, а за дизајнот на минијатурите кај Франческо Ору.
ШТО ИМА ВО КУТИЈАТА?
Отприлика, ова.
Во delux изданието добивате и арт бук, а во add-ons и графичката новела War of Preia. Повеќе детали ве чекаат на линкот некаде подолу во текстов.
За GALACTIC WARLORDS: BATTLE FOR DOMINION
Како што сугерира насловот, фората е да станете најмоќниот господар и да го освоите галактичкиот регион некогаш познат како Preiakka Federation. Базирана е на игра со карти и тактичко поставување и контрола на планети, со долга низа забавни и тактички пикантерии. Играта е наменета за двајца до четири играчи, со можност да се игра и во парови 2 vs 2.
Победник е тој што ќе собере најмногу Power, a тоа ќе го постигнете (здравје боже, ако нема подобри од вас на таблата) низ повеќе рунди, секоја во 5 фази:
• Recall
Во оваа фаза играчот може да ги повлече неговите единици од таблата во неговата база, за да може да ги користи подоцна за време на својот потег
• Play a Mercenary
• Action Phase
• Recovery
• Hire a Mercenary
Нормално дека само ќе ве заскокоткаме, а нема да ги објаснуваме правилата, бидејќи можете да го симнете целиот правилник уште сега – ТУКА.
РЕЦЕНЗИИ
Играта веќе имаа среќа да ја пробаат неколку познати борд гејмери. Викаат вака:
Гејмплејот е брз и многу забавен. Постојано ве прати чувство на позитивна тензија и неизвесност. Во секој момент можете да победите или изгубите, зависно од изборот што ќе го направите. Има повеќе патишта до победата. Има многу интеракција. Има и многу директен конфликт. Дури и главниот магнет да ви е стварно добар арт, ова е игра за вас. Еве зошто; дел од уметноста на Тхе Мичо:
И НАЈВАЖНОТО!
Како и за Small Star Empires, и овој пат е во тек Kickstarter кампања за фундирање на која е добродојдена вашата поддршка. Кампањата трае до 11 јули, а примарната цел (за играта да биде фундирана) е собирање на 25.000 долари. Евентуалниот „вишок“ ќе оди за уште еден куп додатоци, како дополнителни карти, можеби и петти играч, поквалитетна табла и фигури и сл.
На Kickstarter страната ќе ги најдете и сите други детали.
ЛИНК (уште еднаш, за секој случај)