Новата батерија за смартфон може да се наполни за само 30 секунди

Демонстрирана за прв пат на „Microsoft’s Think Next“ симпозиумот во понеделникот, батеријата користи нешто што се нарекува nanodots и е замисла на израелската компанија StoreDot. Но, како што може да се употребува на смартфони, револуционерната ќелија може да се користи во мноштво други уреди од таблети до камери и пошироко.

Опишан од страна на нејзините креатори како рентабилена и еколошка, nanodot батеријата употребува био-органски материјали кои го зголемува капацитетот на електродата и електролитните перформанси. Био-органскиот материјал се состои од пептид молекули кои формираат краток синџир на аминокиселини (ако се сеќавате на предметот биологија, така се прават протеините) и ова е клучот.

До сега, креирањето на батерии за брзо полнење според истите нучни принципи бараа корисење на тешки метали како што се кадмиум, кој е и токсичен и скап.

Резултатот е побезбедена, полесена за масовно производтво батерија која е целосно полна за само неколку минути наместо неколку часови, но која еднаш наполнета, се однесува како типични литиум јонски ќелии во начинот на кој таа го зафаќа и троши својата енергија.

Технологијата зад батеријата е толку нова што StoreDot е се уште во прогрес на патентирање. Но, компанијата се стреми да оди на масовно производство во текот на следните две години, насочувајќи се и на маркетот на коли како и потрошувачката електроника.

Ако технологијата може да наполни батерија за кола за само неколку минути, нејзиното влијание на „позелени мотори“ ќе биде тешко да се измери.

„Батеријата за врзо полнење е резултат на нашиот фокус на комерцијализација на материјалите кои сме ги откриле. Ние сме особени задоволни што оваа иновативна нанотехнологија, инспирирана од природата, не само што ги полни капацитетите на мобилниот уред, но исто така е и еколошка за средината“, вели д-р Дорон Миселдорф, извршен директор на StoreDot.

Во продолжение следи демонстрација на Samsung смартфон кој содржи StoreDot батерија полнејќи се за само 30 секунди:

- Реклама -