Нов тренд се појави на блогерајската сцена за женската коса. Многу девојки кои пишуваат блогови за здрав третман на вашата коса во последно време ја фаворизираат морската сол и нејзиното дејство на прочистување од хемикалии.
Морската сол помешана со вода има одличен пилинг ефект на вашата коса. Без никакво оштетување ги остранува сите козметички препарати насобрани на косата и нечистотијата.Во посебен сад измешајте малку морска сол со шампон и измијте ја косата со ладна вода. Така ќе добиете одличен сјај и мека коса.
Девојките кои сакаат “морски таласи” како фризура, можат да го постигнат ова и без море. Доволно е во едно шишенце за прскање да растворите 3 лажички морска сол и лесно да ја испрскате косата. Набргу ќе започне да ви се витка, а колку локни ќе имате зависи од колку ќе ја испрскате косата. На крај не заборавајте сосема малку да ја исушите косата со фен.