Различни типови на направи за невидливост биле демонстрирани во сè, од зимски палта до тенкови – но тие никогаш не работеле баш како што си замислуваме. Ова ново видео е најчудесната демонстрација до сега. Видеото е вистинско и работи на прекинувач.
„Направата“ користи феномен на „виткање на светлина“ кој сите ние го знаеме – фотоморгана – но создаден со загреана јаглеродна жица. Ефектот, познат како „фототермална дефлекција“, функционира со „виткање“ на светлината од одредена површина кон окото. Ова е слично како кога топлиот воздух над површината на земјата „одбива“ слика на вода од небото наместо да им дозволи на на зраците да се одбијат од земјата.
{youtube}3YO4TTpYg7g{/youtube}
„Способноста за екстремно висок трансфер на топлина на овие листови направени од провидни јаглеродни наноцевки овозможува модулација на високи фреквенции на температурата на листовите со огромна варијација на температура.“ Јаглеродни наноцевки се формации од јаглеродни атоми кои создаваат „цевки“ слични на „влакна“ кои можат да бидат милиони пати подолги од нивниот дијаметар. Наноцевките се формираат со виткање на графин – листови од јаглерод дебели само еден атом. [‘Invisibility cloak’ created by scientists, but there’s one hitch – it only works UNDERWATER]