Иако се одигра пред месец дена, 156-тото „вечно дерби“ во Белград сé уште е една од поважните теми што се мотаат низ балканските медиуми. За жал не поради сјајната партија меѓу Црвена ѕвезда и Партизан, туку поради нередите кои се случија на јужната трибина.
Сега излезе уште една досега невидена снимка, објавена на YouTube на каналот на Jutarnji List. Во видеото се претепаните Хрвати, од кои еден на прашањето од каде се, одговара со „Од Карловац“. Кога потоа ги прашуваат дали се „Цигани“, алудирајќи на навивачите на Црвена ѕвезда, пак следи сличен одговор: „Гробари сме“.
Повелете видеото, но не очекувајте да биде пријатно за гледање.