T-Mobile Македонија од денес стартува со нова припејд понуда – COOL. Понудата е наменета за млади, создадена според нивните комуникациски потреби и е најдобрата припејд понуда досега.
Содржи опции за неограничени разговори, СМС кон сите мрежи и неограничен интернет, како и бонуси по избор на корисникот, што е ново во понудата на T-Mobile и воопшто на пазарот. Вклучени се и паметни телефони со одлични цени во припејд и бесплатно онлајн радио.
Тинејџерите преку веб страната www.t-mobile.mk/cool можат да изберат бонус, да активираат COOL опции и да учествуваат во новиот интерактивен проект со свои предлози за музика и дизајн преку Facebook страната на Т-Mobile. Бонусите се активираат со секој надополнет ваучер на веб страната а изборот се состои од бесплатни викенд минути, СМС или интернет во текот на целата недела.
Корисниците на COOL ќе можат да купат паметни телефони по исклучително поволни цени. Телефоните се во комбинација со е-ваучер кој може да се користи за комуникација во текот на годината. Во понудата се паметни телефони како: Galaxy Young, ZTE Blade 3 Pro, Samsung Chat кои одговараат на комуникациските потреби на младите.
Со оваа понуда корисниците добиваат уште една COOL поволност – бесплатен пристап до добра музика на македонското онлајн радио, Teen радио: teenradio.com.mk, 24 часа на ден без да им се наплати интернет сообраќајот. Андроид корисниците можат да ја симнат и мобилната апликација на Тeen Radio и да слушаат музика бесплатно додека се во движење. Наскоро апликацијата ќе биде достапна и за корисниците на iPhone.
COOL се активира со повик на 1466 за постојните припејд корисници, а сите нови со купување на СИМ картичка ќе ја користат новата тарифа.
„Не станува збор за само уште една понуда на тарифи и телефони, туку за начин на живот, а COOL е токму тоа. Создадена да одговори на комуникациските трендови што ги следат младите, COOL ја доближува новата технологија до нив преку одличните цени за паметни телефони, дава слобода на избор на бонусот, нови опции за неограничени разговори, СМС и интернет, нуди одлично бесплатно Teen радио и им овозможува да ја изразат својата креативност, преку учество во новиот интерактивен музички проект, преку facebook страната на Т-Mobile. На тој начин се зближува новата COOL заедница преку отворена и креативна комуникација. Тоа е вредност повеќе а T-Mobile секогаш се стреми да им овозможи на корисниците вредност повеќе“ – изјави Жарко Луковски Главен извршен директор на T-Mobile Македонија.