Нова „бомба“ за Заев: „За да пишат фактура, (Албанците) мора прво да имаат роба позади себе“

Објавувањето на нелегално снимени приватни разговори продолжува, а денеска, покрај Јанкулоска и Милошоски, потворно мета е лидерот на СДСМ – Зоран Заев.,

На Јутјуб канал наречен „партизани партизан“, објавено е ново аудио парче од разговорот кој и во минатиот период го слушавме во делови, каде гласот на соговорникот на лидерот на СДСМ е мутиран. Оваа „бомба“, за разлика од претходните, објавена е во „два примерока“, од кои едниот е преведен на албански.

„А шиптарите веќе ви ја пишат фактурата“, вели соговорникот на Заев на почеток од аудио парчето, на што Заев враќа дека „пет банки не вредат“.

Разговорот сугерира дека „фактурата“ се всушност условите што Заев ќе треба да ги прифати за да добие поддршка од албанските партии/политичари и дека тој мисли токму на нив кога додава дека „не вредат на пазарот на гласови“.

„Не може со нас (ДУИ ??) … (неразбирливо) … Со избори и они ќе се валоризираат. За дали ќе пишат фактури – за да пишеш фактура мора да имаш роба позади себе, така? Не можеш така да ја пишеш, тие немаат роба позади себе“, вели Заев.

„Имаат борци тие“, враќа соговорникот.

„Борци се наоѓаат секаде по светот“, одговара Заев.

„Аха, се наоѓаат. Со илјада луѓе државата ни ја зедоа, ќе ни ја земеа. Вие треба да се фокусирате на тоа“, вели соговорникот.

„Се борат… Се борат за парички“, враќа Заев, по што снимката завршува.

НАДОПОЛНЕТО:

Заев за „бомбата“: Зборував за ДУИ, а љубовта и почитта за Албанците ја докажав на дело!

- Реклама -