После тенискиот сега се појави и мобилен лакот – нов вид на запаление на нервите на раката кое настанува како последица на напорот кој го трпи лакотот при долгите мобилни разговори.
После тенискиот сега се појави и мобилен лакот – нова врста на запаление на нервите на раката кое настанува како последица на напорот кој го трпи лакотот при долгите мобилни разговори.
Лекарите наведуваат дека ваквите воспалувања се се почести, а вината ја наоѓаат во претераната употреба на мобилните телефони. При држењето на телефонот на увото, лакотот се затвора и истегнува нервот кој ги контролира малиот прст и оној до малиот, а со тоа се затвора протокот на крв кон нервите и предизвикува на некој начин краток нервен спој. Тоа доведува до трнење на тие два прсти, па затоа треба телефонот често да се менува од едната во другата рака како би се избегнало оштетувањето.
Оние кои патат од овој вид на воспаление, поснато под името синдром на кубитален тунел, чувствуваат омалаксаност во рацете и остра болка при подигање, стегање, ракување, перење садови или отворање тегла или шише.
Иако разговорот на телефон е активност како и секоја друга, доволно е да не се претерува и да се прекине веднаш штом ќе се почувствува вкочанетост на прстите.