Нова 3,0 литарска верзија на Range Rover

Land Rover најави дека новата генерација на Range Rover веќе е достапна за нарачка со верзија со 3,0 V6 бензински мотор, кој се јавува како дериват на познатиот 5,0 V8.

Првите испораки на новата модификација на луксузниот теренец, се очекуваат во третата четвртина од оваа година. Вака спакуваната варијанта е во состојба да се забрза од 0 до 100 km/h за 7,4 секунди. Максималната моќност на моторот е 340 коњски сили, а максималниот вртежен момент изнесува 450 Nm.

Новата 3,0 литараска модификација на Range Rover е опремена со осумстепена роботизирана менувачка кутија, како и со автоматски старт/стоп систем на моторот за дополнителна 7%, заштеда на горивото.

Текстот е објавен во соработка со Авто Плус.

- Реклама -