Нов велосипед без ланец (видео)

велосипед без ланецУнгарски дизајнерски тим создал нов велосипед без ланец, кој силата од педалите на тркалото ја пренесува со помош на челични жици. Овој велосипед лесно може да се расклопи за транспорт и да се модифицира за лежерно возење или за тркање. Бидејќи нема ланец, велосипедот е исто така и почист и побезбеден.

Унгарски дизајнерски тим создал нов велосипед без ланец, кој силата од педалите на тркалото ја пренесува со помош на челични жици. Овој велосипед лесно може да се расклопи за транспорт и да се модифицира за лежерно возење или за тркање. Бидејќи нема ланец, велосипедот е исто така и почист и побезбеден.

велосипед без ланецДизајнот, наречен “Stringbike” користи две челични жици поврзани за лостови, кои се движат на дискови со неправилен облик. Овие дискови кои ги заменуваат традиционалните ѕвезди, ќе можат да се менуваат за велосипедот да се приспособи на специфичните потреби на секој сопственик.

Положбата на педалите ја одредува положбата на дисковите, кои се движат спротивно еден од друг, па така додека едниот е напред и ја префрла силата од вашата нога на тркалото, другиот е назад и се движи слободно. Ова овозможува менување на брзини без прекин на силата, што може да овозможи полесно маневрирање низ градскиот сообраќај.

За разлика од стандарден велосипед со повеќе брзини, кај овој не постои потресот во моментот кога ланецот се преместува од една ѕвезда на друга. Брзините на овој велосипед се менуваат со поместувањето на положбата на лостовите.

{youtube}z4PAzalfpww{/youtube}

Жиците дури и можат да се постават асиметрично, што значи дека секоја педала ќе има различен отпор при возење. Ова не е возможно со традиционалните велосипеди, а може да биде корисно за тренинг или за луѓе со повреди. Велосипедот исто така е лесен и за транспортирање, дури и ако немате соодветен држач за монтирање на автомобил, двете тркала можат да се отстранат лесно и чисто бидејќи нема ланец кој потоа треба да се мести. И, исто така важно е и што овој велосипед има помалку делови од традиционалните, што значи дека може да биде поевтин за произведување.

- Реклама -