Нов проект ја открива вистината за шеќерот

Нова иницијатива од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско, наречена „SugarScience“ ни дава „повик за будење“ кога станува збор за шеќерот.

Јадеме премногу од оваа работа- 19.5 лажички на ден во просек, кога препорачаната доза е 6 лажички- и тоа прави сериозно влијание на нашето здравје. Тоа води до срцеви заболувања, дијабетес тип 2, заболување на црниот дроб и многу други. Еве пет важни (и застрашувачки) факти кои ги даваат тие:

1. Просечниот човек конзумира речиси 30 килограми додаден шеќер годишно.

2. Пиењето на една лименка газиран сок на ден може да го зголеми ризикот од смрт од срцеви заболувања за речиси една третина.

3. Постојат речиси 61 различни имиња за шеќер кои се наведени на етикетата на храната. Поточно, ако завршува на „-ose“, тоа е шеќер.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

4. Фруктозата, еден од најчестите типови на шеќер, може да биде исто толку штетна за вашиот црн дроб како алкохолот.

5. Американските деца добиваат околу 16% од нивниот дневниот внес на калории само од шеќер.

- Реклама -