Нов брак на Бјорн Улвеус од АВВА


Бјорн Улвеус од легендарната поп-група АВВА се ожени со својата партнерка Кристина Сас на церемонија која ја водел комичарот и тв-водител Санди Токсвиг, објави BBC, додавајќи дека тоа е негов трет брак.

Седумдесет идеветгоишниот шведски пејач, која досега беше двапати женет, ја запознал Сас во германскиот град Нирнберг, во 2021 година во врска со објавувањето на последниот албум на АВВА под наслов „Voyage“.

Свадбата се одржала во саботата во данскиот главен град Копенхаген во присуство на блиски пријатели и семејствата.

Улвеус е познат како дел од четворката на АВВА. Групата се состоеше од две двојки – Улвеус и Агнета Фалцки, и Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад.

Шведскиот музичар се ожени со Агета Фалцки во 1971 година. Двојката има две деца, Линда сега на 49 и Питер на 44 години, а се разведе во 1980 година. Улвеус, исто така, беше во брак со Лена Калерсјо, од 1981 до 2022 година.

Андерсон и Лингстад, ​​исто така, се разведоа во 1981 година, една година пред АВВА да се разиде.

Квартетот не настапи на овогодинешната Евровизија 2024 и покрај очекувањата затоа што големиот настан се одржа во Малме во нивната татковина Шведска, и тоа кога оваа година бендот прослави 50 години од победата на Евровизија со песната „Waterloo“ која ја лансираше нивната светска слава.

- Реклама -