Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест е казнет со 750.000 британски фунти, или 979.500 американски долари, и предупреден за недолично однесување поради објава на социјалните мрежи во која се критикува судијата по поразот од Евертон минатата сезона во Премиер лигата, соопшти во петокот англиската фудбалска асоцијација.
Водството, играчите и навивачите на Нотингем беа гневни откако беа одбиени трите барања за ВАР за пенал кога беа во негатива од 2:0, а неколку минути по натпреварот објавија изјава на платформата на социјалните мрежи X, обвинувајќи го видео помошникот судија (ВАР) Стјуарт Атвел дека тој навивач на ривалот Лутон Таун.
Набргу по натпреварот, клубот на платформата Х објави „Три крајно лоши одлуки – не беа досудени три пенала – што едноставно не можеме да ги прифатиме. Ја предупредивме судиската комисија дека ВАР-судијата е навивач на Лутон многу пред натпреварот, но не го променија. Нашето трпение повеќепати беше тестирано“.
Во тоа време, Форест беше вклучен во битка за испаѓање со Лутон, но тие завршија на 17-то место додека Лутон испадна. Форест соопшти дека ќе се жалат на одлуката на FA.
Од FA, пак, соопшти дека ниту еден друг професионален клуб никогаш не ги прекршил неговите прописи осмислени да ја контролираат употребата на социјалните мрежи на таков начин, опишувајќи го како јавен напад на интегритетот на службеникот на натпреварот од „неспоредливи размери“.
„Дури ниту составувачите на правилата не можеа да предвидат прекршување од ваква природа од стана на професионален клуб“, се вели во соопштнието.