Норвешка осветлува патишта со бандери што сами „се гасат“

Во делови од земјата, Норвешка има инсталирано улично осветлување што само се затемнува. Целта, се разбира, е да се заштеди електрична енергија, и следствено да се намали и карбон футпринтот.

Се работи за автопат во должина од 8 километри во близина на Hole, Норвешка, надвор од Осло. LED светилките на уличните бандери долж овој пат се затемнуваат на 20% (не се гасат целосно) кога нема автомобили, велосипеди или пешаци во областа.

На бандерите всушност се инсталирани радарски сензори, па кога има автомобили или друг сообраќај, LED светилките се враќаат во полна работна сила, на 100%, осветлувајќи го патот. Откако автомобилите ќе поминат, повторно се намалуваат на 20%.

8-те километри пат со „штедливи“ бандери заштедува по 2.100 киловат-часови неделно. Иако не е познато колку чинела инсталацијата, според проценките на норвешките власти заштедената електрична енергија ќе ги надмине трошоците, а инвестицијата ќе се исплати по само 4 и пол години.

 

 

- Реклама -