Норис од челната позиција ќе стартува на Хунгароринг


Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Унгарија в недела во рамките на годинешниот Светски шампионат за возачи во класата Формула 1.

Во саботните квалификации Норис постигна 22 илјадитинки подобро време од неговиот тимски колега Оскар Пјастри, кој ќе му прави друштво во првиот ред, или 46 илјадитинки подобро време од светскиот шампион и лидер во генралниот пласмен и годинава, Холанѓанецот Макс. Верстапен од Ред Бул, кој ќе стартува од третата позиција.

Трката е закажана за в недела од 15 часот.

ПОЧЕТЕН РЕД:

  1. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен)
  2. Оскар Пјастри (Австралија/ Мекларен)
  3. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул)
  4. Карлос Саинц (Шпанија/ Ферари)
  5. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Мерцедес)
  6. Шарл Леклер (Монако/ Ферари)
  7. Фернандо Алонсо (Шпанија/ Астон Мартин)
  8. Ленс Строл (Канада/Астон Мартин)
  9. Даниел Рикиардо (Австралиј/ Рејсинг Булс)
  10. Јуки Цунода (Јапонија/ Рејсинг Булс)

- Реклама -