Два берлински ноќни клуба, Astra Kulturhaus и Bi Nuu, одлучија во текот на јануари и февруари своите простории да ги понудат за засолниште на бездомниците.
Клубовите ќе направат распоред по кој еднаш неделно ќе им дозволуваат на бездомниците да се загреат и преноќат во нивните простории, пренесува германскиот Der Tagesspiegel. Целта на иницијативата, покрај оваа директната, е да ги инспирира и другите ноќни клубови и угостителски објекти да го направат истото.
Јануари и февруари се најстудените месеци и се сметаат за оние со најкобни последици за луѓето кои живеат на улица. Со евентуалното масовно учество во акцијата, Берлин, се чини, е на пат ова да го промени.