Ноќен живот на Лефкада

Лефкада е остров што се посетува ако сакате романтична атмосфера или ако сте авантуристички расположени, но сепак, има по нешто и за оние што сакаат да се забавуваат до доцна во ноќта…

Кога не ви се спие доцна навечер и сакате да излезете и да прошетате, Василики ќе ви понуди неколку опции, но сите на истото место – старото пристаниште. По кејот се поредени ресторани, таверни, слаткарници, кафулиња и што ли уште не – до недоглед. Работното време не е ограничено и ќе уживате додека има гости.

nokjen1

Кога ќе седнете во некој од локалите покрај пристаништето ќе чуете барем 15 различни јазици од гостите околу вас. На моменти можно е да не најдете место таму каде што сакате да седнете, особено во екот на сезоната, па препорачливо е да направите резервација уште во текот на денот. Но, откако ќе седнете, ви преостанува само да уживате…

nokjen2

Персоналот во сите локали е крајно услужлив и пријатен, така што нема да посакате да станете во брзо време. Дури и продавниците во Василики работат најмалку до 1 часот по полноќ, па така ќе можете да купите нешто доколку ви затреба во последен момент.

nokjen3

Ако сепак желбата ви е да отидете во ноќен клуб, тоа е едно нешто што Василики нема да ви го понуди. За да ја искусите атмосферата на вистинскиот ноќен живот, ќе треба да отпатувате 35 километри на север, до главниот град, Лефкада. Таму веќе има избор од ноќни клубови, кои се поредени по улицата крај морето, која започнува од познатиот дрвен мост, како и околу влезот на градот.

nokjen4

Единствена негативна страна на ваквиот план е фактот што по крајот на забавата, ако сте сместени во Василики, на пример, ќе треба да возите во ноќни услови по незгодните планински патишта или пак да платите такси со приближна цена од 40 евра… освен ако не останете до рано наутро и го чекате првиот автобус од Лефкада кон Василики, некаде во 6.30 часот.

nokjen6

Текстот е објавен во соработка со Iguana.mk

- Реклама -