Ноќ на вештерките: Продавале отсечени раце и нозе како месни продукти

Halloween, или ако сакате „Ноќта на вештерките“, е повеќе од маскенбал со страшни маски за деца. Со годините, се претвори во натпревар во кој возрасните се трудат да привлечат што повеќе внимание со своите техники на плашење и хорор декорации. Оваа година, победник е еден норвешки дисконт – ги наполниле замрзнувачите за месо со лажни отсечени човечки екстремитети и други човечки органи, преплашувајќи ги децата и нивните родители.

fake-severed-hand-550x328

Во „Europris“ се надевале дека реалистичните човечки делови ќе им овозможат на купувачите повеќе да уживаат во духот на празникот, но наместо тоа, тие биле изненадени кога налетале на нивните гневни реакции. Се чини дека отсечените човечки делови спакувани во пластични кеси како месни продукти, згора на тоа и со етикети со нутритивни информации, не го предизвикале саканиот ефект.

fake-severed-hand2-550x365

По бројни негодувања, ТВ сторија и бројни негативни коментари на Интернет, од „Europris“ морале да ги повлечат крвавите празнични реквизити и да ги испразнат ладилниците, додавајќи дека намерата не им била да ги вознемират купувачите, особено не децата.

Меѓу коментарите можеа да се најдат реченици како „Кога моето дете би го видело ова…“, „Штета што една Американска традиција вака насилно ни се наметнува…“ и „Зарем немаме доволно насилство и без овие лудаци да носат такви нешта во продавниците?“. Од друга страна, човек би помислил дека на светов има и потешки нешта за објаснување на децата и дека некогаш се добредојдени вакви мали потреси за да ја „размрдаат“ монотонијата. Се е добро кога добро ќе се заврши. Или не?

- Реклама -