„Nokia“ ќе ја купи американската „Infinera“ за 2,3 милијарди долари


„Nokia“ се согласи да ја купи „Infinera“ во договор вреден 2,3 милијарди долари, кој ќе ја прошири мрежата на производи на центрите за податоци на компанијата и ќе го зајакне нејзиното присуство во САД, потенцијален клучен извор на раст бидејќи бумот на вештачката интелигенција ја стимулира побарувачката за капацитет на серверот, пренесува „Bloomberg“.

„Водиме значителни инвестиции во центрите за податоци во моментов, а една од клучните атрактивни карактеристики на оваа аквизиција е тоа што значително ја зголемува нашата изложеност на овие центри“, изјави извршниот директор на „Nokia“, Пека Лундмарк во петокот. „Изложеноста на „Infinera“ на „комуникации од сервер до сервер“ во центрите за податоци е особено привлечна бидејќи „ќе биде еден од најбрзо растечките сегменти на севкупниот пазар на комуникациска технологија“, додаде тој.

Аквизицијата ќе го вреднува производителот на иновативни решенија за отворени оптички мрежи и оптички полупроводници со 6,65 долари по акција, се вели во соопштението на компанијата доцна во четвртокот. Најмалку 70 отсто од вредноста на зделката ќе се исплати во готово, а остатокот во акции, се вели во соопштението.

Акциите на „Infinera“ пораснаа за 15% во изминатите 12 месеци, што на компанијата и дава пазарна вредност од околу 1,2 милијарди долари. Нејзините акции, кои достигнаа 5,26 долари во доцното тргување во четвртокот, пораснаа за околу 20 отсто во претпазарното тргување во петокот.

Продажбата на „Nokia“ и ривалот „Ericsson“ беа погодени од драстично намалување на трошоците на мобилните оператори за мрежна опрема во време кога индустријата се бори да ја врати инвестицијата. „Nokia“ исто така беше тешко погодена откако „Ericsson“ обезбеди договор од 14 милијарди долари со „AT&T“ во декември за изградба на мрежа „OpenRAN“, технологија која е попријатна за облакот и ги отвора мрежите повеќе од претходните, високо интегрирани решенија.

- Реклама -