Златни, позлатени, бели или жолти, дијамантски, мазни, гравирани или декорирани венчални прстени… симболиката е иста, брак! Неизбежни се и гордото: "Види, мажена сум!" или разочарувачкото: "Остави го, тој е женет…", а сега во тренд е и: "Откриј со кого сум во брак?" Е па како? Многу едноставно…
Златни, позлатени, бели или жолти, дијамантски, мазни, гравирани или декорирани венчални прстени… симболиката е иста, брак! Неизбежни се и гордото: "Види, мажена сум!" или разочарувачкото: "Остави го, тој е женет…", а сега во тренд е и: "Откриј со кого сум во брак?" Е па како? Многу едноставно, само треба да ја пронајдете онаа единствена половина од парот прстени која совршено се вклопува. Овој пат дизајнерите на накит навистина добро си поиграле со нивните производи, па еве што е резултатот.
Веќе видени како обични, но не и како венчални се прстените испреплетени еден во друг, кои убаво изгледаат како целина, но замислете колку се пријатни за носење? Нешто поинтересна комбинација за двојки склони кон механиката се прстените кои личат на шраф и навртка. Што мислите, кој прстен од парот прстени би го носела таа?
За компјутерските зависници има неколку варијанти, да изгравираат порака во т.н. бинарни и кодирани прстени, да се поврзат и разменуваат податоци преку USB прстените, а за мрежно поврзување – Еthernet прстени.
Кул, нели? Но, има уште! За оние кои не сакаат да останат со празни раце и не им биде досадно нека си набават сферни прстенчиња и така ќе може да си играат по цели денови.
Е сега, за хемичарите кои сакаат днк анализи, одлична можност да си ја носат со себе днк-та на својот партнер без да го оштетат примерокот. Штета што не можат да ја анализираат. Научниците за да ја исполнат оваа желба на младоженците толку забегале што земале коскен примерок од заб и со лабораториски процедури им направиле коскени прстени. Па, и не изгледаат ништо посебно…
И за крај, кога сме веќе кај днк, клетки и ткива еве како златарот Andrew English најдобро го искористил тоа, гравирајќи ги вистинските отпечатоци од прстите на партнерите врз внатрешната или надворешната страна од прстените. Е сега со гаранција дека никогаш нема да сретнете некој со сосема ист прстен!