Градоначалникот на јужнокорејскиот главен град Сеул нареди затворање на сите клубови и барови, откако појавата на нови случаи ги згoлеми стравувањата од втор бран на коронавирусот.
И претседателот Мун Џе Ин ја повика јавноста на внимателност, пренесува АФП.
Јужна Кореја во светската јавност е претставена како една од земјите чиј одговор на пандемијата треба да послужи како модел што треба да го следат и другите земји.
Сепак, наредбата за затворање на баровите и ноќните клубови доаѓа откако беа регистирани нова низа на заpaзени во Итаевон – област од Сеул позната по космополитенските ресторани и ноќен живот, ресторани за скара и елитни бистроа, но и мали сендвичари и ќебапчилници за гладните журкаџии во доцните ноќни часови. Повеќе од 50 од досега регистрираните случаи се поврзани со 29-годишен маж кој минатиот викенд посетил 5 клубови и барови во областа.
„Невнимателноста може да доведе до заpaза“, рече градоначалникот Вонг-сунг, додавајќи дека забраната останува во сила на неопределено време.
Двонеделно забрана за работа ќе има уште за уште 5.700 локалите за забава ширум провинцијата Gyeonggi-do, која го опфаќа Сеул и околните региони, со вкупно население од околу 12 милиони.