Нива за трето дете

Италијанската влада сака да ги наградува родителите кои ќе имаат трето дете со бесплатно земјиште, што е дел од новиот план за зголемување на бројот на новороденчиња во земјата.

Лани во Италија имало рекордно низок број на новороденчиња.

Според планот, родителите кои ќе имаат трето дете во периодот од 2019 до 2021 годна ќе добиваат парцели на период од 20 години.

Втора опција е, наместо бесплатно земјиште, да земат кредити до 200.000 евра без камата.

– Велат дека Италијанците имаат се помалку деца и дека е потребно нешто што ќе го смени тој тренд. Затоа министерството сака да придонесе, фаворизирајќи ги руралните области – изјавил Џиан Марко Сентинаио, министер за земјоделство.

- Реклама -