Поминувањето часови во иста канцеларија заедно со колегите на моменти знае да биде забавно, но понекогаш, претставува вистинска тортура. Во секој случај, доколку сакате да сте сигурни дека во моментите кога ви е потребен простор никој нема да се осмели да ви додева, може да ви користи ова необично „оружје“.
Секако, не зборуваме за вистинско оружје, туку за необичен изум кој потсетува на лак и стрела, составен од најосновната канцелариска опрема. Процесот на изработка е следниот:
За почеток, потребни ви се два моливи, кои цврсто ќе ги поврзете.
Со помош на селотејп залепете уште два моливи, кои подоцна ќе ги поврзете со првите, како што е прикажано во анимацијата подолу.