Автомобилскиот гигант Nissan произведе паметен часовник

Станува збор за поврзување, кое се остварува преку bluetooth конекција со што возачот може да пристапи до клучните податоци поврзани за перформансите на возилото во текот на возењето, додека автомобилот може да дојде до биометриските податоци за возачот со помош на мониторот кој ги следи отчукувањата на срцето.

Никој не можел ни да предвиди дека баш овој часовник може да ги исфрли од трка Samsung, Sony или Apple. Но уште помалку можевме да се надеваме дека компанијата позната по производство на автомобили ќе произведе часовник. Во Нисан одлучиле да не изненадат, најавија часовник за кој тврдат дека е прв кој ќе може да го поврзе возачот со возилото.

nissan-nismo-smart-watch-2530x290_110913_160324

Часовникот со име Нисан ќе може да ја следи здравствената состојба на возачот и перформансите на возилото во реално време. Моделите ќе бидат достапни во црна, бела и црвено-црна боја. Ќе имаат две копчиња за управување и батерија која трае цел ден.

Целна група за сега ќе бидат сопствениците на спортските автомобили на Нисан, а тоа се воглавно брзи и скапи спорстски модели. Часовникот ќе биде претставен на саемот во Франкфурт.

[youtube]http://youtu.be/CGuqhLn_pGk[/youtube]

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -