Шведска стигна неочекувано блиску до тоа да стане првата земја во која ќе биде воведена пауза за секс во текот на работното време.
Се работи за иницијативата на еден 42-годишен член на советот на градот Оверторнеa – Пер-Ерик Мускос, со која се бараше Швеѓаните да имаат право на еден час платена пауза во текот на работното време, која ќе им овозможи да се приберат дома и да имаат секс со своите љубовни партнери.
Својата иницијатива Мускос ја аргументираше со фактот дека сексот е полезен за здравјето, но и со тоа дека во современиот свет љубовните парови не можат да си посветат доволно внимание. Паузата за секс во работното време, инсистираше тој, ќе се одрази благопријатно врз меѓусебните односи и општата среќа на населението, а и ќе ги поправи негативните демографски трендови.
Не можеме да бидеме изненадени што на крајот малата општина со 2000 жители сепак го одби предлогот. Но изненади тоа што иницијативата предизвика многу меѓународно внимание, и очигледно – повеќе отколку што сакаа официјалните лица.
„Ни сам не знам колку новинари, од повеќе земји, ме интервјуираа. Дури и BBC стапи во контакт со нас, а и самиот Доналд Трамп го спомна предлогот“, вели Томас Ведестиг – еден од членовите на општинскиот совет. Вели дека расправата околу предлогот ги ставила локалните политичари под голем притисок; им потрошила многу енергија и го одвлекла вниманието од другите важни прашања во општината. Самиот Ведестиг, а верува дека зборува во име на целата општина, вели дека е изморен од несаканото внимание.
„Не мислам дека работодавецот треба да одлучува кога работниците ќе имаат сексуални односи. Тоа едноставно не е работа на општината“, критикува тој.
… Ама тогаш не треба ни да ги спречува, сигурно (би) додал творецот на иницијативата.