Никовски: Да тврдеа дека сме биле Бугари пред 150 години, ќе беше сосема друга работа; вака е крајна неумност на Бугарија

Бугарија е под многу силен притисок, но не може да се повлече бидејќи самата не си оставила простор за маневри, оценува поранешниот македонски амбасадор Ристо Никовски во изјава за „Плусинфо“.

Според него, добро е што германските медиуми жестоко ја критикуваат Бугарија и очигледно го рефлектираат ставот на германската влада, но и покрај тоа нашиот источен сосед не може да отстапи, бидејќи, како што вели Никовски, во прашање е политика изградена од Бугарската академија на науките (БАН), потврдена од бугарската Влада и официјализирана со декларација на бугарското Собрание на едногласен начин, која ги обврзува сите политичари и институции во земјата да се однесуваат согласно заклучокот.

„Во прашање е крајна неумност на источниот сосед, бидејќи Бугарите сакаат да докажат дека нашите родители и дедовци биле Бугари. Секој Македонец има неспорна лична меморија дека татковците, мајките, дедовците и бабите им говореле дека се Македонци. Тоа покажува дека во прашање е една тешка небулоза, дека го бараат невозможното и дека тоа мора да доживее неуспех. Да тврдеа дека сме биле Бугари пред 150 години, ќе беше сосема друга работа“, вели екс-амбасадорот.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Според него, шансите за почеток на преговорите во декември се минимални или никакви, а тоа, пак, ќе значи сериозен пораз на Европската унија и неизбежна изолација за Бугарија. Целиот текст прочитајте го ТУКА.

- Реклама -