Николовски: Успесите во 2019-та донесоа подобар живот и посреќни празници за безброј семејства

„Новогодишните празници се време да ги прославиме убавите моменти, да се присетиме на сите подвизи, резултати и достигнувања. Претходната година бележи историски успеси за нашата земја. Она што најмногу ме радува е што токму овие успеси значат подобар живот за нашите сограѓани и посреќни празници за безброј семејства“, констатира генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, во видео обраќање до граѓаните.

Како што вели Николовски, изминатата година СДСМ докажала дека може да го покачи стандардот на живот во нашата држава, дека е пoлитичка пapтија која се грижи за сите подеднакво и создава просперитетна и сигурна иднина.

„Инвестиравме во најpaнливите граѓани, за конечно да ги извaдиме од мapгините на општеството. Инвестиравме во развој на економијата, во подобри услови за младите, тука, дома. Изградивме пријателски односи со сите соседи, ги зaпeчaтивме границите и бeзбeднocта на нашата држава, а македонскиот јазик и идeнтитeт ги запишавме на меѓународната мапа“, додава Николовски.

„Новогодишните празници се исто така време на надеж. Надеж и верба дека следната година ќе биде уште подобра и уште поуспешна. Затоа во 2020-та продолжуваме да вложуваме во она што е најважно – во луѓето. Да покажеме вистинска грижа и солидарност во текот на целата година, заедно да изградиме држава со светла иднина која со гордост ќе ја оставиме на следните генерации. Ви посакувам среќни празници, 2020 да биде година на добри мисли, добри дела, многу среќа, љубов и многу успеси!“, порачуваат Николовски и СДСМ.

- Реклама -