Николовски: Откако ни два дена не им издржаа блокадите, сега ВМРО-ДПМНЕ бара причина да ги прекине

„ВМРО-ДПМНЕ најавуваше дека масовно ќе излезат на терен, но никаде ги нема… Ни два дена не им издржаа блокадите“, истакна генералниот секретар на СДСМ – Љупчо Николовски, вчера на партиска трибина во Прилеп, оценувајќи ги протестите на опозицијата како „дебакл“ во кој „и тие 14 возила и 13 луѓе им издишале“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ сега бара причина како да ги прекине неуспешните блокади.

„Јасно е, народот не сака блокади, не сака кочење, не сака сопки на татковината. Затоа граѓаните шест пати го казнуваат Мицкоски на избори и ќе продолжуваат да го казнуваат, затоа што секој граѓанин гледа и знае дека тоа е партија што работи против државните и национални интереси, партија која само ги брани криминалците во своите редови“, рече Николовски.

- Реклама -