Николоски-Жбогар: ВМРО-ДПМНЕ прави напори на составување на влада на принципиелни основи и европски вредности

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николоски, и секретарот за меѓународна политика на партијата – Тимчо Муцунски, денеска оствариле средба со шефот на Делегацијата на ЕУ – Самуел Жбогар. На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба и процесите важни за државата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претставниците на партијата на средбата посочиле дека ВМРО-ДПМНЕ прави напори за составување на ново парламентарно мнозинство по одржаните избори, во процес кој се базира на принципиелна основа и нивните програмски определби на последните избори.

Николоски и Муцунски истакнале дека за ВМРО-ДПМНЕ е важно да се почитува правото и правната држава и да се направи коалиција втемелена на определбите за интеграција на државата во Европската унија, но и која ќе ги почитува законите и владеењето на правото.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочиле и дека изборите поминале во недемократска атмосфера, односно биле проследени со сериозни прекршувања, организиран поткуп и прекршувања на изборните правила, што било нотирано и од мониторинг мисијата на ОБСЕ:

Прочитајте и:  Николоски: Второстепената Комисија за жалби по јавни набавки носи сомнителни одлуки, ЈО да ја преиспита нивната работа

„Таквиот отворен поткуп и брутално газење на волјата на граѓаните надополнета со функционери на власта кои се фатени во поткуп, а за тоа не одговараат поради спрегата со обвинителство, укажува дека државата не ги исполнува основните критериуми за демократско владеење и во потполност доаѓа до израз хибридниот режим потенциран од повеќе релевантни меѓународни институции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На средбата со Жбогар, претставниците на партијата истакнале дека Република Македонија мора да напредува на патот кон Европската Унија, а за да се постигне тоа, потенцирале, потребна е нова влада со легитимитет од граѓаните и со агенда за суштински реформи за подобрување на животот на граѓаните и санкционирање на криминалот и корупцијата.

 

- Реклама -