Николче Шаркоски е новото засилување на ФК Вардар



Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар доведе уште едно засилување, овојпат од македонскиот шампионат.

Нов фудбалер на „црвено-црните“ е Николче Шаркоски, кој доаѓа од Воска Спорт, а претходно настапуваше за Работнички, Брера, Пелистер и за Победа.

Неговата примарна позиција е десно крило, но може да игра на левата страна, а и како десен бек.

Фото: ФК Вардар

- Реклама -