Нигериските моторџии носат тикви наместо кациги

Повеќе... Властите од Нигерија маки мачат да им објаснат на мотоциклистите дека носењето на тиква на главата не е исто како носење на кацига. Овие, пак, само се трудат да го почитуваат законот.


784241.jpgВластите од Нигерија маки мачат да им објаснат на мотоциклистите дека носењето на тиква на главата не е исто како носење на кацига. Овие, пак, само се трудат да го почитуваат законот.

Според новодонесениот закон за безбедност на мотоциклистите во Нигерија, овие мора да носат безбедносни кациги. Поради тоа што финансиски не можат да си ги дозволат скапите кациги, нигериските возачи на мотори импровизираат со сушена кора од тиквите кои вообичаено во Нигерија се користат за пренесување на течности. Стотици мотори беа запленети поради новиот закон, а нигериските такси возачи на мотори  најавија штрајкови.

- Реклама -